Војската на САД изведе лет над Украина
Американската војска соопшти дека извела невообичаен лет над Украина, согласно Договорот за отворено небо, со цел да ја потврди посветеноста кон земјата откако Русија заплени три украински брода. „Рускиот напад на украинските бродови во Црното море се опасна ескалација во рамки на сите провокации и активности“, соопшти Пентагон, пренесе „Ројтерс“.