Од следната недела граѓаните ќе можат преку апликација да проверуваат сообраќајни казни и докази
Проверка на сообраќајните прекршоци директно од мобилен телефон, без потреба од одење во институција, наскоро ќе биде достапна и за македонските граѓани. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека од следната недела ќе можат преку мобилна апликација да проверат дали имаат евидентиран прекршок, каде е направен и да ги видат доказите








