„Дабл-дабл“ за Нено и нова победа за Арис во Еврокупот
ФОТО:facebook.com/arisbc.gr/ Арис ја совлада француската екипа Ле Ман со 96:86, во натпревар од осмото коло во Еврокупот, а значаен придонес во триумфот имаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Македонскиот плејмејкер натпреварот го заврши со 11 поени, но особено се истакна во организацијата на играта, забележувајќи дури 13 асистенции





