Украинските „санкции со голем дострел“ даваат резултат: го намалија руското преработување на нафта за 30%
Новиот бран украински напади со беспилотни летала врз руски постројки, кој трае од крајот на октомври, го намали капацитетот на Русија за преработка на нафта за приближно 30 отсто, потврдија за „Ројтерс“ два извора од нафтената индустрија. Овие напади создаваат дополнителни предизвици за Москва во справувањето со недостигот на гориво на домашниот пазар







