Последен фестивалски ден на „Дрим Шорт“: Филмски проекции, еко-хакатон и доделување награди
Десеттото јубилејно издание на Фестивалот за краток филм „Дрим Шорт“ денеска, 9 август, завршува со проекции, еко-хакатон, разговори со авторите и свечено доделување на фестивалските награди. Програмата ќе започне во 17 часот во „Europe House Struga“, со проекцијата на филмот „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска. Потоа ќе се одржи еко-хакатон,










