Apple изгуби на суд: ЕУ го руши „кинескиот ѕид“ околу iPhone, доаѓаат големи промени
Судот потврди дека продавницата на Apple и iOS платформата се предмет на Законот за дигитални пазари на ЕУ. Американската технолошка компанија Apple го загуби судскиот спор откако Општиот суд на Европската Унија ги отфрли клучните приговори на компанијата за примената на европските правила за ограничување на моќта на големите технолошки платформи.



