Виктор Вембањама го „сруши“ шампионот и испиша историја
Француското кошаркарско чудо, Виктор Вембањама, одигра натпревар за историјата, предводејќи го Сан Антонио до спектакуларна победа од 122:115 на гости, против Оклахома, по две продолженија на првиот меч од финалето на Западната конференција. Тој блескаше со неверојатни 41 поен и 24 скока, од кои девет офанзивни, а додаде и три асистенции за 49 минути










