Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
Во неколку училишта во Скопје и Тетово денеска имало дојави за поставени експлозивни направи, но утврдено е дека се работи за лажни дојави. - Веднаш по добиените пријави, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави - информираат од Министерството за внатрешни работи.








