Вечерва почнува традиционалниот „Вевчански карневал 2026“
Со концерти на популарна музика, на кои ќе настапат рап-дуетот „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“, вечерва почнува традиционалниот „Вевчански карневал 2026“ во Вевчани. Централната карневалска поворка ќе се одржи утре од 13 часот, кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалите од двете маала, што претставува кулминација










