Шпанските клубови се кренаа против Барса - ќе ја тужат Ла Лига ако ги регистрира Олмо и Виктор
Неколку шпански клубови денеска ја информирале Ла Лига дека ќе почнат судска постапка и ќе бараат прекин и анулирање на првенството ако биде прифатено барањето на Барселона за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор. Денеска во каталонските медиуми можеа да се прочитаат нови информации во врска со процесот, како и оптимизам кај челниците на Барселона