Денеска Самит на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, Србија ја претставува Александар Чупиќ
Петнаесеттиот самит на процесот Брдо-Бриони ќе се одржи денеска во Охрид, а главната тема, како што е најавено, ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, со акцент на спроведување на потребните реформи, зајакнување на регионалната соработка и добрососедските односи. Лидерите ќе разговараат и за актуелните европски и регионални предизвици,







