Дефект на автобус на ЈСП предизвика метеж во Бутел
Утринскиот сообраќаен шпиц во Бутел денеска беше дополнително отежнат откако уште еден двокатен автобус на ЈСП излезе од функција и ја блокираше крајната десна лента на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“. Возилото остана заглавено во близина на автобуската постојка кај поранешната Албанска амбасада, принудувајќи ги возачите да маневрираат и да






