Големиот ПСЖ го виде големото срце на Еурофарм Пелистер, бод за паметење
Во драматичен натпревар од претпоследното коло во Лигата на шампионите, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер одигра нерешено 34:34 против францускиот гигант ПСЖ. И покрај елиминацијата од понатамошните фази, битолчани приредија спектакл во салата „Боро Чурлевски“, предводени од Филип Кузмановски и Дејан Манасков, кој го постигна израмнувачкиот гол










