ЛЕКАРИТЕ ОБЈАСНУВААТ ЗА ПОСТПОРОДИЛНОТО КРВАРЕЊЕ: Најголема закана по животот на мајките по породувањето
И ако породувањето само по себе е тешко и исцрпувачко, околу 14 милиони жени ширум светот секоја година се соочуваат со дополнителна закана – постпородилно крварење. Станува збор за состојба која настанува во првите 24 часа по породувањето, и која е одговорна за околу 70.000 смртни случаи годишно, што ја прави најчеста причина за смртност кај родилки