Комедијата која ги полни салите низ Хрватска, „Не се врткај наоколу гола“, доаѓа во Битола
По повод Денот на Хрватскиот Парламент, во Битола во Центарот за култура на 16.10 со почеток од 19.00 ќе биде изведена претставата „Не се врткај наоколу гола“, на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска. Гостувањето на овој театар е во организација на Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“, Битола, во соработка со Општина Битола





