Под контрола е пожарот во Националниот парк „Пелистер“
Пожарот што попладнево избувна во Преспа и навлезе во Националниот парк „Пелистер“, во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола. Во гаснењето беа ангажирани екипи на НП „Пелистер“, ТППЕ Ресен и ТППЕ Битола, ер-трактори и два тима со пинцгауери од Дирекцијата за заштита и спасување, како и механизација од јавните претпријатија од Битола









