Нова жртва на Западнонилска треска, почина 73-годишен пациент, моментално на Клиниката се лекуваат 21 лице
Уште еден починат од вирусот на Западнонилска треска со вкупниот број на починати досега е 5 пациенти. Директорот на Инфективна клиника Фадиљ Цана вели дека се работи за 73-годишен човек со тешка клиничка слика и бројни заболувања кои придонеле за влошувања на состојбата и негова смрт. Тој рече дека пациентот бил жител на Аеродром односно Долно Лисиче










