Партизан ја потврди оставката на Жељко Обрадовиќ
Кошаркарскиот клуб Партизан објави писмо од Жељко Обрадовиќ упатено до јавноста во кое тој се збогува со црно-белите. Официјално – Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на Партизан и клубот го потврди ова со објавување на писмото на најтрофејниот тренер во Европа, кое тој го испрати до сите навивачи и јавноста. Го објавуваме писмото во целост и без редакциски










