Никола Маџиров е добитник на престижната меѓународна награда за поезија „Н. К. Казер“
Македонскиот поет Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“, која ја доделува „Литератур Лана“ во Јужен Тирол, на северот од Италија. Наградата се доделува на секои две години, а Маџиров е 19-иот добитник во речиси 40-годишната историја на оваа престижна меѓународна поетска награда. Меѓу досегашните добитници биле