Се запали возило на Бит пазар, огнот зафатил уште две други возила
Во раните утрински часови, денеска, избувнал пожар на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, при што целосно било зафатено патничко возило „форд“, а огнот се проширил и на уште две возила – „бмв“ и „фолксваген голф“, информираа денеска од полицијата во дневниот билтен. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита, а за среќа нема


