Иван Чупиќ: Ова се тешки моменти за нас! Сакаме да испратиме порака дека сме живи!
Вардар вечерва му гостува на Нант во петтото коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Натпреварот во „Х Арена“ почнува во 20:45 часот, а црвено-црните најавуваат максимално борбено издание и желба за првата победа во елитното натпреварување. Ова ќе биде втора пресметка меѓу двете екипи сезонава. Во првиот натпревар во Скопје се водеше голема




