Општина Карпош доделува стипендии за младите спортисти од осмо и од деветто одделение
Општина Карпош објави јавен оглас за доделување стипендии за талентирани спортисти, жители на Општината, кои во учебната 2026/2027 година ќе бидат ученици во осмо или во деветто одделение. Со оваа мерка, Општина Карпош продолжува со поддршката на младите спортски таленти и нивниот развој, особено на учениците што се издвојуваат со своите индивидуални









