ВЛЕН: Величањето на воените злосторници е неприфатливо, бараме итна реакција и одговорност
Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата велат дека особено загрижува фактот што вакви содржини, според нив, биле објавени од раководител на институција чија задача е да ги штити правата на










