Противпожарните возила во Македонија со просечна старост од 27 години
Триесет територијални единици во Македонија поседуваат 220 возила за противпожарни возила чија просечна возраст е 27 години, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации. Од вкупно 220 возила 154 се произведени во минатиот век. Најстарите се од 1966 година што ги поседуваат Струмица од марката „фап 13“ и Валандово од марката „там 5500“.