РК Прилеп непоразен и во третото коло
По драматичната завршница од натпреварот во третото коло од Суперлигата, РК Прилеп на домашен терен против Тиквеш остана непоразен. Натпреварот заврши без победник (28:28) од како Кастратовиќ со последниот гол го спаси Прилеп од пораз. Со овој резултат РК Прилеп е во втората група екипи со по 5 поени веднаш зад Алкалоид и Вардар со максимални 6 поени




