Повозбудливо не може: Индијана ја победи Оклахома со кош на 0,3 секунди до крајот
Ноќеска се одигра првиот натпревар од НБА финалето, во кој Индијана Пејсерс драматично славеше на гостувањето против Оклахома Сити Тандер со 111:110 и поведе со 1-0 во серијата што се игра до 4 победи. Оклахома водеше од почетокот до самиот крај, а на почетокот на последната четвртина дури имаше и плус 15 (94:79). Малку по малку, Индијана го намали