Над 200 училишта ќе ја почнат годината со едносменска настава, но и со помалку првачиња
На 1 септември во училишните клупи ќе седнат неколку илјади помалку првачиња во споредба со минатата година. Според првичните податоци од Министерството за образование и наука, неколку илјади деца што треба да тргнат во прво одделение не беа запишани летово, пред сѐ, поради навиката на дел од родителите традиционално да ги запишуваат децата кон крајот








