Црна Гора воведува визи за руските државјани
Црна Гора од 1 октомври 2026 година ќе го укине безвизниот режим за државјаните на Русија, како дел од усогласувањето на својата визна политика со правилата на Европската Унија во рамки на пристапните преговори. Со новите правила, руските државјани повеќе нема да можат да влегуваат во земјата без виза, иако досега имаа право на престој до 30 дена.










