Од поклон во црква до натпревар во кршење јајца – велигденски ритуал во Глуво
Во скопското село Глуво сè уште се негува традицијата што се пренесува од дедо на внук. На овој голем ден, уште од стари времиња, сите верници од ова село, во 2:00 часот по полноќ на Велигден одат во една од најстарите цркви на Скопска Црна Гора, „Свети Никола“. – Влезот на оваа црква е многу мал – 1,20 метри. За да влезете во неа, ќе мора да се наведнете

