Македонските фудбалери ремизираа без голови против БиХ
Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 0-0 на гостувањето во Сараево против Босна и Херцеговина во првиот од двата контролни натпревари пред стартот на септемврискиот циклус во Лигата на нации. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски во голем дел од натпреварот на исполнетиот стадион „Асим Ферхатовиќ“ добро му парираа на еден од учесниците










