Лажни дојави за бомби во Тетово и во Скопје, наставата не се одржа во ниту едно училиште во Тетово
И денеска, ходниците на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ останаа празни. Учениците не влегоа во училниците и наставата не се одржа, иако беше понеделник. Причина е лице со лажна електронска адреса, кое продолжува да испраќа лажни дојави за бомби. Надлежните сѐ уште не успеале да откријат кој стои зад овие пораки и која е неговата цел. Директорот на училиштето,









