Герасимовски: Законот нè обврзува да ја започнеме постапката за ДУП „Барутана“, но тоа не значи дека планот ќе биде донесен
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите појасни дека постапката за изработка на нов Детален урбанистички план за „Барутана“ е започната согласно законските обврски на Општината, откако претходниот план беше укинат од Уставниот суд во 2025 година. Тој истакна дека во јавноста се создала непотребна фама









