Пронајден човечки леш во Бардовци
На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Карпош е пријавено дека во канал во близина на ограда од јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а лешот е подигнат и даден на обдукција.










