Младинците издржаа само едно полувреме против Австрија
Македонската младинска репрезентација не успеа да дојде до првата победа на Европското првенство. Нашите ракометари го запишаа четвртиот пораз откако беа совладани од Австрија со 28-24 во новоформираната група за разигрување на пласман. „Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме во кое се водеше изедначена битка, а нашите момци имаа и водство

