Секулов: Фокусот на претставата „Без крв“ е дека љубовта може да ги исцели раните, а простувањето е само мал дел од неа
Претставата „Без крв“ не е за извршување одмазда. Таа има само еден фокус, а тоа е дека љубовта може да ги исцели раните. Простувањето е само мал дел од љубовта. Тоа е почетна точка на љубовта и е пасивна. Ти можеш да простиш, но другиот може да не ти прости. Во случајов станува збор за љубов, која се раѓа и само таа може да ги исцели раните. Ова е