Јакимовски претставен во Наполи
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски е претставен како нов играч на Наполи баскет, со што продолжува неговата италијанска авантура. Тој има одлична сезона зад себе, во дресот на Тренто, која беше негова прва по враќањето од САД. Со своите настапи го привлече вниманието на повеќе клубови, но на крајот реши да остане во Италија

