Несреќа со мигранти кај грчкиот остров Крит – 18 загинати и двајца спасени
Безживотните тела на 18 лица биле извлечени од морскиот дел југозападно од грчкиот остров Крит, откако потонал чамец со мигранти, додека пак спасени биле две лица, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, започнале спасувачка акција откако половина потонатиот чамец бил откриен од товарен брод што пловел





