Синер го изненади папата со подарок, па го покани да заиграат тенис
Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер се сретна со новиот папа Лав, а притоа му подари тениски рекет и му понуди да заиграат тенис. Синер му подари тениски рекет на папата, по што се пошегува со него дека сака да заиграат тенис, но предлогот веднаш беше одбиен од новиот врховен поглавар на римокатоличката црква.