Виолончелистката Ана Велкоска со „Македонско девојче“ ја освои префинетата публика во Виена
Чувството беше неверојатно – успеав да направам атмосфера која ги спои луѓето и да покажам каква музичка магија носи Македонија, вели младата талентирана музичарка Младата виолончелистка Ана Велкоска беше единствената учесничка од Македонија во престижниот проект „DF#A“ – програма за млади и талентирани музичари, што се одржа пред една недела во Виена






