Чупиќ пресреќен, тренерот на Охрид жали затоа што смета дека неговиот тим бил многу блиску до трофејот
Ракометниот првак Вардар во своите витрини синоќа донесе уште еден трофеј. По петти пат, Црвено-црните се радуваа на пехарот во Суперкупот на Македонија, со кој веќе традиционално се најавува стартот на новата сезона. Во драматично финале, Вардар со 32:31 го победи Охрид. Тренерот на вардарци, Иван Чупиќ речиси го изгуби гласот од многу надвикување,










