Засилена изградба на железницата кон Бугарија: 35% завршена делницата Бељаковце–Крива Паланка
Изградбата на втората фаза од железничката пруга Бељаковце–Крива Паланка, дел од источниот крак на Коридор 8, се одвива со засилена динамика, информира директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски. Според неговата објава, на делницата долга 34 километри досега е реализиран прогрес од околу 35 проценти од планираните работи, при што е








