Нема причина за вознемиреност по хаваријата во Пинтија, вели градоначалникот кој го повика Град Скопје да преземе мерки
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски вели дека граѓаните немаат причина за вознемиреност по хавријата во Пинтија, бидејќи од нивна страна биле преземени сите мерки за заштита. Инспекторите од Кисела Вода на терен констатирале протекување на хемикалии од вентил при дефект, кои се користеле за производството на стиропор во објектот во Пинтија