Тиквеш му даде 13 голови на Шкупи оваа сезона
По три гола во двете полувремиња беа доволни за Тиквеш да го совлада убедливо младиот состав на Шкупи кој е иден второлигаш, со 6-0. Бразилецот Лусианињо даде три гола и си ја подобри личната статистика. Чаирскиот тим кој е последен на табелата со само 1 бод и без шанси за опстанок, нема постигнато ниту еден гол на официјални мечеви во 2026 година,


