Инцидент во Тетовско: Му го блокирале патот и го нападнале
На 25.02.2026 во 04:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека А.А. (67) од село Доброште, тетовско, бил физички нападнат од две лица. Според пријавеното, додека извршувал работни задачи, односно со возило превезувал патник, напаѓачите со патничко возило му го блокирале патот, по што физички го нападнале.









