Спомени низ фотографии и песни: емотивна вечер за Зафир Хаџиманов во Белград
Македонскиот КИЦ во Белград во петокот ја заокружи првата година од своето постоење со вечер посветена на бардот на македонската и на српската култура, Зафир Хаџиманов. Во едно исклучително емотивно музичко дружење со неговите најблиски, синот Васил Хаџиманов и легендарната Бисера Велетанлиќ, бројната белграска публика на глас ги пееше големите хитови










