Граѓаните ќе можат да пријават проблем или да испратат предлог: Герасимовски најави нова мобилна апликација
Општина Центар – Скопје ја пушта во употреба својата официјална мобилна апликација, преку која граѓаните на едно место ќе имаат пристап до најважните информации, услуги и дигитални алатки на Општината. Апликацијата во моментов е достапна за преземање на App Store за корисниците на iOS, а во следните неколку дена ќе биде достапна и за Android корисниците







