Во Прилеп отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“
Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели кои инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на 60-тото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“










