За прв пат по 81 ден: 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа
Вкупно 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа, за прв пат по 81 ден целосна блокада наметната од Израел со затворање на граничните премини, соопшти канцеларијата за медиуми во Газа, пренесува Анадолија. Исмаил Ал-Тавабтех, директор на таа канцеларија, за Анадолија изјави дека „досега влегле 87 камиони што превезуваат разни видови помош“