Реџепи бара укинување на „20%“ што се однесува на албанскиот јазик – Мицкоски: Луѓето не ги гледам како процент, туку како квалитет
Прашањето за „процентите“ денес кулминираше во дебатата меѓу пратеникот на Европскиот фронт, Скендер Реџепи- Зејд и премиерот Христијан Мицкоски. Реџепи, потсетувајќи го премиерот Мицкоски на неговите изјави за поддршка додека бил во опозиција, побара да се изгласаат уставните измени со кои би се отстранила формулацијата „20%“ што се однесува на албанскиот








