Без вода денес поголем број корисници од една скопска општина
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска (12.01.2026) поради уличен дефект ф-100мм на булевар Илинден бб (во близина на Влада на РСМ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Влада на РСМ до Градски Стадион. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:30 часот до завршување со санација на дефектот.


